Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп се вклучи во обуките за професионален развој намнети за средношколци кои се од исклучителна важност за правилното насочување на учениците при изборот на нивната идна кариера и усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ работи во насока на подигање на свеста кај вработените во библиотеките од воведување на нови библиотечни услуги. Имајќи во предвид дека библиотеките се срцето на заедниците, од исклучителна важност е голем број од нив, своите активности да ги насочат кон младите, земјаќи ја во предвид својата информациска улога. Во образовните институции недостигаат информации за дефицитарните професии во државата и можностите кои се отвораат за нив на пазарот на труддот, особено во период на премин на образование, основно-средно или средно-факултет, кога се прават клучните чекори за професионално насочување на личноста. Библиотеките со своите ресурси можат да одговорат и да ја задоволат оваа потреба.
На обуката учество зедоа 20 ученици од повеќе средни училишта во Прилеп, кои преку користење на новата технологија пристапуваа до голем број на релевантни информации со помош на обучувачите: Розита Петринска Лабудовиќ и Јелена Петровска.