Na 27 октомври во просториите на НУУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ го започна циклусот на обуки за кариерно советување за средношколци. Оваа обука е дел од проектот „Креативни умови ја креираат иднината“ финансиран од Американска амбасада, кој има за цел да поттикне воведување на нови библиотечни услуги кај вработените во јавните библиотеки.
На обуката за кариерно советување присуствува вкупно 21 ученик од 4 година од три државни средни училишта (СОУ „Славчо Стојменски“, СОУ„Коле Нехтенин“, СОУ „Јане Санданск“) и едно приватно средно училиште (ПСУ „САБА“ Штип). Во рамките на обуката беа опфатени следните теми:
- Објаснување на системот за високо образование во РМ и што тој нуди;
- Информации за студирање во странство (како да се насочат, каде да се
информираат, што се бара при упис и сл.)
- Пишување на есеј на англиски јазик за студии во странство (важни делови)
- Информациска писменост - како до релевантни информации
- Ефективно пребарување на информации на Гугл.
- Пишување мотивациско писмо и CV.