Од 22-23 јуни во хотел „Вила Парк“ во Струмица се одржа обука за библиотекари од десет јавни библиотеки од Македонија. Обуката ја организираше Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ, во рамките на проектот „Креативни умови ја креираат иднината", финансиран од Владата на САД. Програмата за кариерно водење и советување за средношколците произлезе како резултат на направените анализи на постојаната законска и стратешка рамка во областа на кариерно советување и информирање. Библиотекарите од селектираните библиотеки преку воведување на нова библиотечна услуга за кариерно образование ќе им помагаат на младите луѓе да се справат со еден од најголемите предизвици - вистински избор на кариерната патека. Со демонстрирање на различни начини на кои библиотеките придонесуваат за учење и успех на учениците (збирки, простор, упатства, референци, програми) библиотекарите преку проектот ќе воспостават врска помеѓу различни аспекти на библиотеката и бројните академски фактори за успех.