Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ во рамки на проектот „
Креативни умови ја креираат иднината", финансиран од Владата на САД, објавува повик до јавните библиотеки во Република Македонија за учество во програмата за обуки „
Воведување на нови библиотечни услуги“.
Повикот е отворен за сите јавни библиотеки кои се подготвени да воведат иновации во своето работење и ги исполнуваат следните услови:
- Да имаат простор за одржување работилници за 20 лица
- Да обезбедат безжичен интернет во текот на одржувањето на две обуки за ученици и студенти
- Да номинираат библиотекар/координатор кој ќе ги посети обуките и ќе биде одоворен за:
- воспоставување соработка со училиштата
- формирање на групи од 20 ученици од трета и четврта година за две интерактивни обуки (Презентирање на програмите кои ги нудат државните и приватните факултети, избор и можности за студирање во земјата и странство;
Користење на ИТ технологијата во процесот на истражување на можностите за самостоен и професионален развој)
- Пишување на извештај за реализираните активности
Методологијата на работа на обуката ќе се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.
Патните трошоци, сместување во хотелот, оброците и материјалите ќе бидат покриени од страна на ЗРИБ „Инова Либ“ преку Проектот „Креативни умови ја креираат иднината“. За времето на одржување, Агендата по која ќе се одвива обуката и детали за местото на одржување, учесниците ќе бидат известени по изборот.
Библиотеките треба да пополнат формулар за пријавување, потпишан од раководното лице на библиотеката и да се достави скениран на меил адресата
innovalib@gmail.com и во печатена форма по пошта на следната адреса:
Здружение за развој и иновации на библиотеки, Илинденска бб, Радовиш,
Краен рок за пријавување е 8 јуни (петок) 2018 до 16:00 часот.
За сите дополнителни информации и прашања ви стоиме на располагање на споменатата меил адреса и на телефонскиот број 070/227 917. Лице за контакт Иванка Соколова.