22 септември 2017 |Македонските библиотекари дискутираа за Глобалната визија на библиотеките

На 22 септември на покана на Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ во просториите на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје се одржа работилница IFLA Global Vision на која зедоа учество голем број на директори, библиотекари и претставници на библиотекарските здруженија. 
Учесниците имаа можност да дискутираат по 13 прашања кои наидоа на огромен интерес и дискусија каде беа изнесени професионалните искуства и размислувања и притоа едногласно беа заокружени по пет клучни одговори. Почитувајќи ја состојбата во општеството и библиотеките во Македонија, но гледаќји во иднината преку позитивната пракса на светските и европски библиотеки, овие искусни библиотекари ја креираа визијата на обединето библиотечно поле како линија водилка за развојот на библиотеките во Mакедонија.
Преку заедничко гласање со своја порака се вклучија и во креирањето на глобалната визија на библиотеките што го лансираше ИФЛА кое обединува илјадници претставници од светската библиотечна дејност кое има за цел да истражи како библиотеките можат д аодговорат на предизивиците на инидната. 
Работилницата ја водеше м-р Вилма Јованова, секретар на Здружението Инова Либ која учествуваше на работилницата IFLA Global Vision која се одржа во Мадрид на 5-6 јули 2017. 

Галерија