29.11.2014 |Трета средба на Ineli Balkans библиотекари - иноватори

На 1-2 септември 2017 год. во Атина во новите простории на Националната библиотека која е дел од комплексот на Културниот центар на Фондацијата Ставрос Ниархос се одржа третата по ред конвенција на INELI Balkans International Network of Emerging Library Innovators / Balkan region) - мрежа која поврзува библиотекари иноватори од 12 земји од регионот. Со оваа конвенција заврши тригодишниот проект INELI Balkans кој го реализираше грчката невладина организација Future Library со финансиска поддршка на Bill & Melinda Gates Foundation. Овој проект имаше за цел да развие одржлива мрежа помеѓу библиотекари иноватори на Балканот кои ќе поттикнат идна соработка, размена на идеи, е-учење и иновации во работењето.                                                 Специјален гост на конвенцијата беше директорката на Глобални библиотеки Deborah Jacobs, која го поздрави настанот и со инспиративен говор се обрати пред присутните за значењето на силна, обединета и поврзана библиотечна заедница. На настанот присуствуваа и Генерален директор на Фондацијата Germán Sánchez Ruipérez господинот Luis González кој зборуваше за резултатите на  INELI-Iberoamerica. Резултатите  од INELI-ASEAN беа претставени од Blesila Velasco, шеф на одделот за јавни библиотеки при Националната библиотека на Филипините и Xenia Romero библиотекар од Националната библиотека на Филипините кои зборуваа за резултатите  од INELI-ASEAN.                                                                                                                                           Резултатите од INELI-Balkans беа претставени од страна на проектниот менаџер Lida Mantzourani од Future Library.                                                                                                                             
На завршниот дел на библиотекарите иноватори свечено им беа врачени сертификати за завршената двегодишна едукација за иновативен лидер во библиотекарството. Со сертификати од Македонија се стекнаа Вилма Јованова од НУУБ „Гоце Делчев“ Штип, Биљана Кочишка од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје и Катерина Данаилова од Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино. На конвенцијата од Македонија присуствуваше и амбасадорот за Макеоднија Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки.

Галерија