Глобална визија на ИФЛА

Учеството на библиотекари од целиот свет во дискусиите на Глобалната визија на Меѓународната федерација на библиотечни асоцијации и институции (ИФЛА), (International Federation of Library Associations and Institutions IFLA Global Vision претставува потфат што ќе генерира обединета патоказна карта за иднината на полето на библиотечната струка, и на самиот почеток се покажа како исклучително важно.
Неверојатни 178 библиотекари од околу 140 земји не само што се вклучија во дискусиите, туку и го прифатија обединувачкиот етос зад кампањата, преку споделување на зборовите на охрабрување на следниот регион, чекајќи да ја подигнат диригентската палка. Библиотекарите од Азија и Океанија, поддржани од нивното искуство во проектот на Global Vision, упатија искрени поздрави до библиотекарите од Европа додека со нетрпение го чекаа својот ред во Музејот дел Прадо, Мадрид, Шпанија на 6 и 7 јули 2017 година, велејќи:
"Поврзете се со Азија Океанија! Тоа е можност за вас да работите со нас и можност за нас да работиме со Европа ... Тоа беше искуство за отворање очи. Мадрид, бидете отворени, бидете ангажирани и бидете храбри! Вклучете се со организаторите на работилницата и гледајте ги позитивните резултати! "
Регионалните работилници на IFLA Global Vision се фокусираа на тоа како да ги зајакнат врските во полето на библиотечната струка и да одговорат на глобализацијата со брзи чекори што отвора нови можности и предизвици. Од првиот почетен состанок во Атина оваа пролет, секоја работилница даде свој придонес во вистинската голема река на идеи.  
Инклузивниот пристап како одговор на  можностите и предизвиците овозможи да се слушне секој глас на учесниците, а за време на Регионалната работилница во Африка дискусијата за Глобална Визија беше дефинирана со следната изјава:
"Сите се поврзани. Никој не е исклучен. Ако немаме врски и мрежи, не можеме да постигнеме ништо ".
Генералниот секретар на ИФЛА, Џералд Лајтнер (IFLA’s Secretary General, Gerald) , кој ги
"Откако ИФЛА ја започна дискусијата за  глобална визија, јас сум воодушевен од одзивот на библиотечните професионалци од целиот свет и нивната желба да се вклучат и разговараат за тоа какво библиотекарство ни е потребно во иднина и како да ја зајакнеме  областа библиотекарство за да може да стане посилна и повеќе да се поврземе за справување со предизвиците на глобализацијата.
Работилниците беа само почеток. Сега е потребно движењето Глобална Визија да стигне  до  сите. Сакаме да се иницираат дискусии во сите земји, во сите заедници и сите библиотеки, така што секој глас може да се слушне ".
Сега ИФЛА сака да го слушне гласот на секој библиотекар од библиотеките во цел свет, бидејќи вашето мислење е најважниот потенцијал за иднината. Постојат неколку едноставни начини како да се вклучите, веќе во цел свет се организираат работилници за Глобалната визија по примерот на ИФЛА и со материјали кои можат да се превземат.                                                    
Уште една важна информација, во понеделник 21 август 2017, во текот на одржувањето  на ИФЛА Светскиот библиотечен и информативен конгрес (WLIC) во Ворцлав, Полска ќе биде отворена платформата за онлајн гласање. Никогаш не сме имале подобра можност да кажеме што мислиме и да ги споделиме ставовите и да се обединиме  во заедничката библиотечна мисија!
За да дознаете како можете да учествувате во дискусијата посетете го следниот линк globalvision.ifla.org