На 5 и 6 јули во Мадрид во присуство на 36 претставници на библиотекарски асоцијации и библиотеки од цела Европа, како и претставници на секции на ИФЛА водени од претседателката на ИФЛА, Scheeder Donna, новоизбраната претседателка, Pérez‐Salmerón Glòria, генералниот секретар, Leitner Gerald, се одржа шестата регионална работилница на IFLA Global Vision.
На работилницат се разговараше за предизвиците и активностите што библиотеките можат да ги превземат, како и за она што ги обединува библиотеките на сите релевантни полиња. Оваа глобална дискусија ИФЛА ја започна преку серија состаноци и работилници на високо ниво во различни делови на светот по започнувањето на настанот во Атина, Грција.
Заклучоците од оваа и другите работилници ќе бидат собрани и анализирани од ИФЛА. Овој уникатен материјал ќе обезбеди основа за извештајот на IFLA Global Vision, кој ќе биде објавен на почетокот на 2018 година. Врз основа на извештајот, на полето на библиотекарството ќе се развијат конкретни работни планови за тоа како нашата колективна визија за иднината ќе ја ставиме во пракса
На работилницата во Мадрид Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ од Македонија учествуваше со свој претставник, секретарот на Здружението г-ѓа Вилма Јованова, виш библиотекар и вработена во НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ Штип.