08-09.06.2017|Конференција на тема: Библиотеките – национален идентитет и разноликост

27 Национална конференција на Бугарската Библиотечно-информациска Асоцијација (ББИА)  на тема  „Библиотеките – национален идентитет и разноликост се одржа на 8-9 јуни во аулата на Софискиот универзитет "Св. Климент Охридски" во Софија.
На Конференцијата учествуваа членови на Управниот одбор на ИНОВА ЛИБ м-р Јелена Петровска, виш библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски  Битола и м-р Сузана Данаилова, библиотекар советник (Градска библиотека „Браќа Миладиновци„ Скопје.
Темите на Конференцијата беа разработени низ следните сесии:
  • Разноликост и национални идентитет во работата на библиотеките
  • Видови на современи библитечни  корисници. Развој на иновативните библиотечни услуги.
  • Библиотеки како подршка во образовни и научни истражувања
  • Библиотеки , чувари на националниот идентитет
  • Добри библиотечни практики
Партнери на Конференција се Фондацијата „Глобални библиотеки“ Бугарија и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски„ Софија. 

Галерија