07.06.2017|Семинар Андрагогика – виртуелна средба за обука на библиотекари

Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ на покана на председателот на Асоцијацијата „Современи читалишта“  Георги Петров од Р Бугарија учествуваше на Конференцијата „Андрагогика – виртуална среда за обучение на библиотекари„ ( Андрагогика – виртуелна средба за обука на библиотекари).  Со свои предлози за содржинска анализа на модулите  учествуваа: м-р Јелена Петровска, виш библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски  Битола и м-р Сузана Данаилова, библиотекар советник од Градска библиотека „Браќа Миладиновци„ Скопје, членови на Управниот одбор на ИНОВА ЛИБ.
Конференцијата е дел од Проектот "Андрагогика - виртуелна средина за учење на библиотекари"  финансирана преку програмата Еразмус+ и се имплементира во соработка со библиотекарите од Литва и Латвија. Програмата е  препознатлива под единствениот назив GOAL (www.go-andragogy.eu), концепирана преку четири модули:
  1. Основни теории и принципи на андрагогија
  2. Методи за настава и учење на возрасни
  3. Ефективна комуникација
  4. Работа со целната публика на библиотеките
Конференцијата помина во конструктивна и многу активна атмосфера под работно мото „Учејќи ги другите, ние учиме„  (In teaching others, we teach ourselves).  Сите модули беа разгледани по групите и дадени подобрувања и сугестии за нивната имплементација. Преку овие насоки библиотекарите ќе можат да се обучуваат за работа со возрасни групи на читатели и специфики кои се дефинирани со возраста, полот, религиската припадност, национална припадност итн. На тој начин современиот библиотекар ќе биде спремен наполно да одговори на потребите на  различни групи на корисници на библиотеката и потребите на пошироката заедница.

Галерија