06.06-08.06.2017|Семинар на тема Гејмификација во библиотеките

Од 6 до 8 јуни 2017 година во бања Врујци, кај Љиг во Србија се одржа 21 семинар на виртуелната библиотечна мрежа на тема Гејмификација во библиотеките на кој за првпат учествуваа тројца библиотекари од Македонија: Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки, Ивона Џамтовска Јанкуловска и Биљана Кочишка од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. 
Присутните библиотекари ги поздрави организаторот на семинарот г-нот Мирко С. Марковиќ, самостоен советник библиотекар, кој ги објасни целите на семинарот и се осврна на трендот на гејмификација кој се почесто се применува во библиотеките во развиените земји но кој треба да почне да се применува и во нашите библиотеки како одговор на предизвикот на модерните трендови кои со брз интензитет навлегуваат во нашите животи. 
Весна Црнковиќ, директор на библиотеката Радислав Никчевиќ од Јагодина зборуваше за иновациите во библиотеките, ИФЛА и АЛА трендовите во јавните библиотекишто им овозможи на учесниците на семинарот да развијат чувство за иновација и да  ги подготват своите библиотеки за промени. 
На темата: Зошто гејмификација во библиотеките и запознавање на системот, зборуваше д-р Адам Софрониевиќ, кој ги запозна присутните  со основните концепти и принципи  на примена на основните елементи на гејмификација за подобрување на работата на библиотеките. 
Свое обраќање на семинарот имаше и професор д-р Александар Јерков кој зборуваше на тема Гејмификација во светот на книгата и читањето.

Галерија