Во организација на Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ денес започна тридневната работилница на тема „
Јавно застапување и лобирање за подобро финансирање на библиотеките во РМ“, која е дел од иницијативата на EIFL-PLIP (Електронски информации за библиотеки – Програма за иновативни библиотеки) за Балканот за 2015-2016, за јакнење на капацитетите на проактивни библиотекари од јавните библиотеки за застапување и лобирање преку обука и претставување на можностите и придобивките од релевантните регионални истражувања.
Цели на работилницата:
- Јакнење на капацитетите на директорите и вработените во македонските јавни библиотеки со знаење и вештини за комуникација, јавно застапување и подигање на свеста за поголемо финансирање на библиотеките
- Подготвување на специфичен акциски план за национално/координирано јавно застапување во одбрани приоритетни области на библиотеките
- Создавање позитивна клима и споделување на искуства за јавно застапување и комуникација меѓу учесниците
Работилницата ќе ја води
Каспарс Руклис - меѓународен обучувач за јавно застапување и комуникации кој работи со библиотеки од 2007 година како менаџер за јавно застапување за развој на јавните библиотеки во Латвија.
На работилница учествуваат директори на јавни библиотеки, библиотекари иноватори, специјалисти во ПР кои имаат задача да ги застапуваат библиотеките на локално и национално ниво, претставници на библиотечни здруженија и претставници од Националната и универзитетска библиотека.