Почитувани,
Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ во соработка со Библиотекарското здружение на Македонија организираат дводневна работилница наменета за директори на јавни библиотеки или специјалисти во ПР кои имаат задача да ги застапуваат библиотеките на локално и национално ниво, претставници на библиотечни здруженија, претставници од Националната и универзитетска библиотека и претставници од Одделението за библиотечна дејност при Министерството за култура.
Тема на работилницата: „
Јавно застапување и лобирање на јавните библиотеки“.
Обуката е дел од иницијативата на EIFL-PLIP за Балканот за 2015-2016,за јакнење на капацитетите на проактивни библиотекари од јавните библиотеки за застапување и лобирање преку обука и претставување на можностите и придобивките од релевантните регионални истражувања.
Цели на обуката:
- Јакнење на капацитетите на директорите на јавните библиотеки за зголемување на финансирањето на библиотечните услуги и воведување на нови услуги
- Изградба на партнерства со други организации и мрежи за заедничко застапување со цел да обезбедат финансирање на проекти
- Поддршка на националните здруженија кои ги претставуваат јавните библиотеки за истражување на потенцијалните врски помеѓу услугите на јавните библиотеки и владините политики
Низ работилницата ќе ве водат експерти од областа на библиотекарството:
Пол Баран – поранешен директор на програмата БИБЛИОНЕТ во Романија и експерт кој има работено на национални и меѓународни кампањи за застапување во делот на поддршка на јавните библиотеки
Анка Рапену – директор на библиотеката Митрополитан во Букурешт, која претходно има работено во Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Дата на обука: 19 и 20 мај 2016 (четврток и петок)
Време на почеток: 11.00 часот (четврток)
Место на одржување: Хотел Порта,Скопје
Институциите може да пријават по 1 (еден) кандидат/претставник со испраќање на пополнета пријава (во прилог) за учество, на следнатата е-маил адреса
innovalib@gmail.com најдоцна до
11-ти мај 2016. За дополнителни информации можете да се обратите кај: Иванка Соколова на тел: 070 227 917 и
Вилма Јованова на тел: 078 472 605.