Од 26 – 29 ноември во Солун се одржа првата средба на 65 библиотекари иноватори од 12 балкански земји вклучени во проектот INELI-Balkans (International Network of Emerging Library Innovators in the Balkan region).
Во рамките на четиридневната средба учесниците организирано ја посетија Централната јавна библиотека во Верија, која во 2010 година доби награда од еден милион долари од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за својата иновативност. Библиотеката во Верија е позната по широк спектар на услуги, бесплатна членарина, бесплатен интернет, магични кутии, медиалаб и по високиот процент на членови на библиотеката (60%).
Прочитајте повеќе на следниов линк: /konferencija-2015-ineli-balkan-solun/