На 7-мај во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје се одржа работилницата "LoCloud collections - платформа за дигитални библиотеки". За карактеристиките и можностите на презентирање на дигиталната граѓа што ги нуди оваа платформа за малите библиотеки, архиви и музеи зборуваа Бреда Карун, директор на Јара Завод Словенија и Андреја Силиќ Швоња од Градската библиотека од Риека.
LoCloud е мрежа на најдобрите практики и има за цел да ги поддржи малите културни институции да ги направат своите дигитални содржини да станат видливи и достапни преку порталот на Европската библиотека Europeana. Проектот е финансиран од Европската комисија преку програмата CIP ICT-PSP, а како партнери учествуваат 33 културни институции (библиотеки, музеи и архиви) од 26 земји.
Словенија, Србија и Хрватска, како земји партнери, имаат задача да организираат еднодневни работилници во соседните земји, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија, и на тој начин на поширок круг на стручњаци го презентираат проектот и преку практични вежби ја приближат работата на платформата на LoCloud Collectons.
Работилницата беше организирана од страна на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје.
На работилницата присуствуваа библиотекари од јавните библиотеки од: Скопје, Кавадарци, Неготино, Охрид, Битола, Прилеп, Делчево, Радовиш, Виница, Штип, Струмица, Свети Николе, Прељубиште како и претставници Од Државниот архив на РМ, МАНУ, Археолошки музеј на РМ, музеј Кратово и претставници од Националната и универзитетска библиотека Скопје.
Најава | Работилница LoCloud дигитална библиотека
Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје во соработка со Градската библиотека од Риека, Р. Хрватска и Завод Јара, Р. Словенија, имаат чест да Ве поканат да земете учество на работилницата на тема:
LoCloud дигитална библиотека
Работилницата се одржува во рамките на проектот LoCloud Collection кој нуди on-line сервис заснован на технологија во облак и им овозможува на малите културни институции: библиотеки, музеи, архиви професионално и економично решение за присуство на нивните збирки на интернет. Сервисот се заснова на таканаречениот Software-as-a-Service model, што значи дека користењето на услугата LoCloud не бара сопствена ИТ инфраструктура, а средствата за користење на ресурсите се минимални и ќе зависат од објавените податоци.
Работилницата ќе се одржи на 7 мај (четврток) 2015 година, во компјутерската училница за обуки во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со почеток во 10:00 часот. Предавачи ќе бидат: Бреда Карун, директор на Јара завод, Словенија и Андреја Силиќ Швоња, Градска библиотека Риека, Хрватска.
Институциите може да пријават по 1 (еден) кандидат/претставник со испраќање на пополнета пријава за учество на следната адреса innovalib@gmail.com, најдоцна до 25-ти април 2015. За дополнителни информации можете да се обратите кај: Иванка Соколова на тел: 070 227 917 и кај Викторија Костоска на тел: 075 378 023.
Пријавата можете да ја симнете од ТУКА
Повеќе за проектот
Пријава (Преземи документ)
Програма (Преземи документ)