10.01.2014 | Повик за иновативни програми во јавните библиотеки!

EИФЛ иновативни програми за јавни библиотеки (ЕИФЛ-ПЛИП) нуди грантови за библиотечните сервиси кои ги подржуваат потребите на децата и младите. Оваа  возбудлива можност отворена e за  јавните библиотеки од земјите во развој и транзиција.
Целта на грантот е да се поттикне развој на услуги со иновативен пристап.
Можностите се неограничени за она што младите луѓе можат да го постигнат кога библиотеките ќе ги подржат со технологија, простор, алатки и ресурси кои им се потребни за учење, иновации и подготовка за иднината. За да  аплицираат за грант, библиотеките мора да ги идентификуваат локалните потреби на децата и млади, и да се развие проект кој е:
  •     сосема нов во библиотеката, или во заедницата.,
  •     користи информатички  и комуникациски технологии на нов и креативен начин, и
  •     развива нови партнерски односи, со агенции како што се владини институции, граѓански организации и технички иновации.   
Апликантите можат да поднесат предлози до 20.000 американски долари.
Крајниот рок за пријавување е 31. јануари 2014.г.
Повеќе информации можете да најдете на страната на ЕИФЛ ПЛИП http://www.eifl.net/call-proposals