24.10.2014 | Работилница на тема: „За буквите, сликовниците и библиотеките: идеи и проекти за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст“

Во рамките на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Германската читалница, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Гете-Институтот, организираат работилница за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст, насловена „За буквите, сликовниците и библиотеките: идеи и проекти“.

Предавачи ќе бидат Викторија Боте од Академијата за поддршка на читањето од сојузната покраина Долна Саксонија, Хановер, Германија и Карола Пенц, наставник во училиште за деца со посебни потреби и слободен предавач.  

Основни цели и задачи на Академијата за поддршка на читањето се преглед на развојот на дидактиката на читањето, информација и доусовршување на родители, старатели, учители и библиотекари, квалификување на доброволни ментори за читање, соработка семејство-градинки-училишта-библиотеки, поттикнување и поддршка во формирање на мрежи.

Карола Пенц ќе предава за основите на детскиот развој и степените на развојот на читањето во предучилишна и училишна возраст и односот со книгата во училиштето и надвор од него. За социјализацијата за читање во семејството и почетоците на соработката со библиотеките, како и за заедничките проекти за поттикнување на читањето, ќе зборува Викторија Боте.
Работилницата ќе се одржи на 27. и 28. октомври 2014 г.
Место на одржување: Центар за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ – СкопјеИнформации: +389 2 3121604goethe.skopje2@gmail.com