Библиотеките стануваат место за творење!
Во време на финансиска криза и политичката несигурност, во место на намалени опции и нејасна перспектива, Future Library Network, мрежата на библиотеки и љубители на библиотеки, создаде нови начини и нови можности кои го подобрија и позитивно влијаеја на животот во локалните заедници.
Future Library се појави како една жива заедница која постојано вклучува нови библиотеки и нови градови. Од ден на ден, се повеќе и повеќе луѓе од различни возрасти и потекло, од најмали деца на предучилишна возраст со нивните родители до млади и студенти, како и само-вработени, креативни професионалци, волонтери, па дури и постари граѓани се поврзуваат со нивните локални библиотеки преку оваа брзо растечка мрежа , која во овој момент се состои од 140 јавни и општинските библиотеки и околу 7.000 членови.
Надвор од Грција: Стартување на проектот INELI-Балкан
По три години плодна работа во Грција, со финансиска поддршка од Фондацијата Stavros Niarchos, мрежата Future Library доби грант од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за да достигне и до културите на балканските библиотеки преку новиот проект INELI-Балкан (Меѓународната мрежа на нови библиотеки иноватори во балканскиот регион).
Проектот INELI-Балкан ќе ги спои библиотечните заедници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Грција да развијат одржлива мрежа која ќе поттикне соработка и иновации, е-учење и експериментирање со нови идеи. Искористувајќи го расположливиот иновативен потенцијал меѓу библиотечните работници и капитализирање на моделот на Future Library, INELI-Балкан ќе дејствува како "инкубатор" на вештините потребни за да се постигне иновација и трансформација на библиотеките во регионот на Балканот.
Капацитетот на мрежата INELI-Балкан ќе се изгради преку следните клучни области на проектот:
Потреби и влијание на библиотеките
- Преку работата на група која се состои од лица за контакт од земјите (амбасадори), INELI-Балкан ќе ги земе во предвид специфичностите на балканските земји и ќе остане усогласена по прашањата за библиотеките на национално ниво.
Онлајн обука за лидерски вештини
- Преку посебна платформа за е-учење со специјализирани содржини и под водство на менторите од областа на библиотека и надвор од неа, обуката ќе се фокусира на способностите на новите библиотечни иноватори да обезбедат стратешко планирање и развој на нови услуги.
Награди за иновации
- Предлозите за нови проекти и услуги на избраните учесниците ќе добијат финансирање за нивно спроведување.
Настани за вмрежување
- Конвенциите и обуките во живо, како и студиските посети и интеракцијата со експерти од конкретна област, ќе ги збогатат искуствата и довербата помеѓу учесниците во проектот.
INELI-Балкан ќе постави рамка за континуирана потрага по партнерства и ко-финансирање, работа со библиотечната заедница, обука на партнерите, технологија и даватели на услуги, и, пред сè, локалните креативци.
Денес на Балканот, на локалните заедници, не-дипломирани студенти, етничките малцинства и многу други луѓе, повеќе од кога и да било, им се потребни силни јавни библиотеки кои се обидуваат да им обезбедат алатки, знаења и мрежи кои им се потребни за да успеат во разновидна економија.
INELI-Балкан е замислена како единствена платформа која мотивира и обединува нови таленти, основни движења и веќе формирани организации кои ги користат библиотеките на Балканот за повторно да ги откријат своите заедници. Ова трајно балканско партнерство на библиотеките ќе поддржи отворен ум и човечка адаптибилност, кои се од фундаментално значење за дизајнирање решенија како за луѓето така и за социјален, културен и економски раст.
11 "Амбасадор" организации се:
- Албанија: Албанската асоцијација на библиотеките
- Босна и Херцеговина (Федерацијата на Босна и Херцеговина): Јавна и универзитетска библиотека "Дервиш Сусиќ" Тузла
- Босна и Херцеговина (Република Српска): Национална и универзитетска библиотека на Република Српска
- Бугарија: Бугарска библиотечна и информациска асоцијација
- Хрватска: Јавната библиотека на Риека
- Република Македонија: Здружение за развој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“
- Косово: Eventor HubЦрна Гора:
- Библиотекарско здружение на Црна Горa
- Романија: Национална библиотека на Романија
- Србија: Градската библиотека Белград
- Словенија: Завод ЈАРА
Д
ознајте повеќе за INELI-Балкан на страницата| www.futurelibrary.gr/INELI-Balkans
Контакт информации во врска со Прес / прашања:
Лида Mantzourani, менаџер INELI Балкан-проект | lida@futurelibrary.gr |
+30 2155 518 089
Иванка Соколова, амбасадор на INELI Балкан-проект |ivanka.sokolova@gmail.com |+389 70 227 917