Дали сте инвентивен тимски играч ориентиран кон акција, со желба да ја примените вашата имагинација и да се поврзете со своите колеги за да развиете иновативна библиотека? Ако е така, програмата за обука на INELI-Балкан ќе ги отвори вратите за вас. Програмата за обука на INELI-Балкан има за цел да им овозможи на вработените во јавните библиотеки кои имаат висок потенцијал да развијат и одржат мрежа на јавни библиотеки во регионот на Балканот, која ќе поттикне размена на знаење, експериментирање со нови идеи и соработка. На учесниците ќе им се обезбеди дополнителна експонираност и личен развој кој е потребен брзо да напредуваат во рамките на нивната институција, да воведат и да започнат нови библиотечни услуги, да формираат и одржуваат национални и меѓународни партнерства со високи перформанси како и активно да се ангажираат во INELI-Балкан.
Прилагодени на потребите на балканските јавните библиотеки, кои се идентификувани во Извештајот од анализата на балканските потреби, составен од Future Library, програмата е дизајниранa така што е прилагодена на сопствените аспирации за развој на учесниците како и на професионалните стандарди на работа на библиотеките.
Програмата ќе се фокусира на следните цели:
Програмата за обука на INELI-Балкан е отворена за вработените во јавните или други видови на библиотеки од 11 балкански земји вклучени во проектот INELI-Балканс: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија Словенија
Од кандидатите за обука на INELI-Балканс се очекува да бидат отворени за учење нови работи и со извонредни карактеристики, со демонстриран потенцијал да го продолжат личниот развој и квалитет во својата работа (алтернативно: иноватори во библиотеките) и со јасна посветеност на проектот за INELI-Балкан.
Покрај тоа, мора да има јасна посветеност од страна на нивните организации/институции да се обезбеди работното време на кандидатот во согласност со барањата на INELI-Балкан програмата и со целите на учесникот.
За да се добијат најдобри резултати од обуката, идеалните кандидати се очекува да ги исполнуваат следниве критериуми: